Заев: Времето на Груевски заврши, да не дозволиме провокации

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил повика на разум и смиреност. Неговиот повик дојде по вчерашниот Проглас на Никола Груевски со кој тој најави несоработка со амбасадорите во РМ, неучество во евентуално прегласување или нови избори и борба против ,,соросовите инсталации” и неистомислениците, заканувајќи му се на Управен суд дека сето тоа ќе следува доколку ги потврди приговорите за прегласување.

,,Да не дозволиме никакви провокации од никого вклучително и од оној што 10 години ја упропастуваше Македонија.
Неговото време заврши.
Институциите мора да си ја завршат својата работа согласно Уставот и законот. Од одлуките на ДИК и Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада, но тие се важни заради вистината и фактите. Граѓаните со огромно мнозинство гласови, повеќе од 600.000 гласаа за промени. Промените ќе се случат и тие незапирливо доаѓаат без разлика што на врхушката на ВМРО ДПМНЕ и е тешко тоа да го прифати. Промените се здрави за секоја држава така и за Македонија.
Повикувам на достоинствено и трезвено однесување.
Повикувам на трпение и воздржаност.
Повикувам на одговорност кон државата и граѓаните.
Доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласаа за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски.
Македонија ќе оди напред. Ќе има живот за сите.”-ФБ статус на Зоран Заев.