Заев ги разреши сите потпретседатели на СДСМ

Шесте потпретседатели на СДСМ, Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски се разрешени од страна на претседателот на партијата Зоран Заев.

Според неофицијaлните информации разрешени се и членовите на Извршиот одбор, претседателот на Форумот на жени, Цветанка Лакова и организацискиот секретар.

Претходно е разрешен и генералниот секретар Кирацовски, а на негово место веќе е назначен Љупчо Николовски.