Заев го информирал албанскиот амбасадор Река дека очекува соработка со партиите на Албанците во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на Р.Албанија во Р.Македонија, Фатос Река.

Заев го информирал албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза во правец на демократските промени за коишто гласаа мнозинството граѓани на Македонија на 11 декември, како и за очекувањата за соработка со партии на Албанците во Македонија.

– Очекуваме на 29 декември Никола Груевски да го врати мандатот и дека СДСМ е партијата што ќе формира Влада во Република Македонија, рекол Заев.

Констатирано е дека на изборите во Македонија граѓаните застанаа зад концептот на заедништво наспроти концептот на поделби и дека е тоа голема придобивка за Р.Македонија- информираат од партијата.