Заев: ,,Граѓанскиот концепт ќе успее!”

 

,,Ви ветувам напредна, успешна Република Македонија, гордост на секој граѓанин подеднакво, што живее овде.

Ова го заслужувате почитувани делегати заради историската одлуката што вечерва ја донесовте. Вие од името на СДСМ вечерва потврдивте дека не веруваат само граѓаните во граѓанскиот концепт. Гласајќи вакви листи вие потврдивте дека најголемиот политички субјект, најдржавотворниот политички субјект верува во граѓанскиот концепт. И тоа е концептот којшто ќе успее во Република Македонија.

Токму затоа оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех. Оваа коалиција со граѓаните што ќе го врати животот во Македонија.

Ова е коалиција со граѓаните коja излегува на избори на 11 декември и победува!”-рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во завршното обраќање на вчерашниот конгрес на партијата.