Заев: Договоривме техничка Влада по примерот на Пржинската за секои парламентарни избори

,,Договоривме техничка Влада за сите парламентарни избори по примерот на Пржинската влада, рече премиерот Зоран Заев, на пауза од лидерската средба и се врати внатре на состанокот. Тој рече дека денеска ќе заврши средбата со конкретен договор, а сега на дневен ред се референдумот, референдумското прашање и датумот на негово одржување.

,,Пруживме рака и покажавме разбирање за многу прашања. Уште пред лидерските средби и потпишување на Договорот со Грција  се договоривме за составот на ДИК“- рече Заев и тоа веќе не е предмет на рзговор.

,, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“, рече Заев.