Заев: Драго ми е што започна судскиот процес, вистината ќе се отвори како пупка(видео)

Откако започна судскиот процес за ,,Поткуп“ и судијата прифати снимките од ПИМ да се земат како доказ, Зоран Заев како првоосомничен даде изјава за медиумите:

,,Драго ми е што денеска, веќе почна судското рочиште, имаше воведни зборови на Обвинителството, имаше воведни зборови на моите адвокати и ја искористив приликата и јас да дадам воведни зборови. И ќе повторам она што го кажав и во судницата ќе го повторам и овде.

За мене претставува ова одлична можност да се докаже правдата, преку овој процес заедно со бранителите ќе го разобличиме целото обвинение преку коешто ќе кажеме, и ќе докажеме која била конечната цел за да вака се конструира и подготви еден ваков процес, токму во времето кога јас го водев  проектот Вистината за Македонија, со политичките бомби. Како е целото тоа конструирано се со конечна цел, апсолутно на секој можен начин да бидам спречен,  заради тоа што постоеше сериозна решителност, а граѓаните тоа го знаат, на самиот крај за разобличување на корумпираното и криминално владеење на режимот во тоа време, но и на спрегите на поврзаност на Извршната власт со Јавното обвинителство.

Преку овој процес директно преку образлагање на сите детали, внатре, дел по дел ќе се отвори како пупка, и верувам дека на тој начин граѓаните на еден транспарентен начин преку доказната постапка, онака како што личи на правна држава ќе ја дознаат целата вистина поврзана со овој предмет, а секако јас ќе ја дочекам правдата за којашто се борам“-рече Заев.

 

На прашањето дали ќе се жалат или ќе ја прифатат одлуката на судијата, Заев рече:

,,Не, гледате дека навлеговме денеска во постапката, ќе дадат коментари и адвокатите јас верувам дека така е правно. Влеговме директно во воведните зборови тоа за мене значи секако изгубена можност за правото коешто ми ја дава, но од друга страна пак и добиена можност да се види таа снимка. Ние веројатно во постапката ќе побараме снимката јавно да се објави, право е на судот дали тоа ќе го каже, јас сакам граѓаните конечно да ја видат целата снимка и со оние два прекини, да може да биде комплетно тоа за кое што бев јавно шиканиран и буквално омаловажен насекаде и на секој можен начин, но тоа е возможно кога навистина преку судската постапка ќе се докаже правото и преку тоа што јавноста ќе може да ја види целата снимка. Така што, продолжуваме понатака во процесот ова останува дел од доказите и верувам дека може да биде добар дел во употребата на она што треба да значи тргање на обидите на власта да го извалка моето лице“-рече Заев.