Заев: ЕК во Софија ја потврди европската иднина на Македонија

,,На работниот состанок на лидерите од Западен Балкан со премиерот на земјата претседавач со ЕУ, Бугарија, Boyko Borissov, претседателот на ЕК, Jean-Claude Juncker, еврокомесарот Хан и претставничката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Federica Mogherini во Софија, Европската Комисија ја потврдува европската иднина на Република Македонија и Западен Балкан.

Определени сме да ги поврземе државите инфраструктурно и економски и да овозможиме на регионот забрзан процес во евроинтеграциите.

Оваа работна средба е силна порака дека се движиме напред и подготвени сме да продолжиме без задршка, без заобиколувања, со надминување на сите предизвици што ни стојат на патот.„-Зоран Заев, премиер, ФБ профил