Заев е задоволен од разговорите и најави брз договор за ресорите во новата Влада(видео)

Лидерот на социјалдемократите Зоран Заев искажа задоволство од досегашниот тек на разговорите со политичките партии кои треба да бидат дел од Валадата.

,, Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец. Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме нешто и за ресорите и имињата, за да можеме преку вас да ги информираме граѓаните. Задоволен сум како течат работите, мене ми е драго што господинот Села е добар, за да можеме да влеземе во разговори со Алијансата за Албанците, така што, за сè што ќе има ново веднаш ќе ве информираме“-  рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Зијадин Села, лидер на Движењето за промени во ДПА , која се одржа во Тетово.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.