Заев: За Законот за јазиците е сѐ кажано и оваа недела треба да се донесе

,,Знаете дека 9 месеци е отворена дебатата, и  за мене прашањето за Законот за употреба е затворено и треба што поскоро да се донесе. Порано се носеа вакви закони со завршување на парламентарните избори, пред изборот на владата. Сега е поинаку. 9 месеци е отворена дебатата. Сите кажаа сѐ што имаа да кажат. Тоа е едно уставно право што не е реализирано. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација, и ќе видиме сите дека не е нешто што е тешко или болно, туку ќе ни помогне сите заедно подобро да се разбираме. Пораките што ги испраќа шефот на опозицијата се копи пејст на оние што ги испраќаше неговиот претходник Груевски. Тие ќе ја крепеле потребата од мнозинството во Парламентот. Не. Владата е стабилна и мнозинството во Парламентот расте и ќе расте. Еве уште се разговара, но оваа недела треба Законот за јазиците да се донесе. Последниот легалистички концепт од Охридскиот рамковен договор-Законот за употреба на јазиците ќе биде затворен“ -изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со претседателот на претседателството на Б и Х.