Заев: За нас е прифатливо се што е во рамки на Устав

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на маргините на одбележувањето на 95 години од организирањето во Стопанска комора на Македонија, на парашање на новинари рече дека го добиле предло-документот на ДУИ во врска со употребата на албанскиот јазик.

Работна група на партијата го разгледува, но според Заев, без оглед каков е предлогот, за СДСМ е прифатливо се што е во рамки на постоечкиот Устав.

,,За нас е прифатливо сè што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или на која било малцинска заедница“-рече тој и додаде дека ако е рамката на предлогот многу широка, како што се чини дека е, тогаш не може да каже до кога ќе може да одговорат на предлогот на ДУИ.

Во секој случај, СДСМ не е подготвен да прифати менување на Уставот, туку упатуваат на тоа дека решението за употребата на албанскиот јазик на цела територија на Македонија треба да се бара во негови рамки и во Законите што ја третираат  употребата на јазиците.