Заев за ХРТ:Нашиот концепт е „Едно општество за сите“, нивниот „Македонија на Македонците“

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев Во интервју за Хрватска телевизија рече дека мора да се проодлжи многу внимателно, со многу трпение, за да се избегнат натамошни поделби и конфликтеи. На прашањето дали е возможно клрвопролевање, Заев рече дека земјата беше блиску до такво нешто, но е уверен дека се ќе се заврши мирно:

-Уверен сум дека нема да има крвопролевање. Ако требаше да дојде до тоа ќе се случеше многу порано. Со многу трпение, со многу посветеност, внимателно, преку преговори дојдовме до тука. Среќен сум и горд поради тоа што ние симнавме режим со пенкало и со глас. Во овој момент мојот политички опонент алудира на поделба, на федерализиција. Нашиот концепт е Македонија за сите, а нивниот е Македонија на Македонците, рече Заев.