Заев: Иванов изврши државен удар, да ја повлече одлуката и да го додели мандатот!

Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката и веднаш да го додели мандатот како што предвидува Уставот, порача Заев на прес конференција.Иванов со одлуката да не го додели мандатот изврши државен удар. Ја внесува Македонија во длабока криза и прави уставно-државна криза, негирајќи ја изборната волја на граѓаните и спречува легален и мирен трансфер на власта.

Порачувам , дека нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата за лични и криминални цели. Затоа, ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на провокации. Да останеме смирени, Груевски тоне , но нема да дозволиме да ја потоне нашата Македонија-рече Заев.