Заев или Груевски-прашање е сега

Зборувајќи на годишната конференција на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Груевски порача да се запрашаме:

,,Со кого ќе ми биде на мене лично подобро, со ВМРО или со СДСМ? Кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој ќе отвори повеќе нови работни места, ВМРО или СДСМ? Со кого ќе се чувствувам посигурно, кој ќе обезбеди поголема безбедност и лична и национална, ВМРО или СДСМ? Кој има подобар кадар, тим и програма ВМРО или СДСМ? Кој држи повеќе до зборот, до ветувањата, ВМРО или СДСМ? Кој има поголеми успеси во борбата против криминалот и корупцијата, ВМРО или СДСМ? Кој ќе обезбеди повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувам за тоа, на ВМРО или СДСМ? Кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамиме кога еден ден ќе погледнеме назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро ВМРО или СДСМ? Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави. Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат за Премиер, мене или Зоран Заев,”- рече Груевски.

Тој се осврна и на изјави и интервкјуа на Стојан андов и на Слободан Богоевски.

-,,Идејата им е да викаат тотално безначајни фигури кај нивните експонирани новинари, нормално како што дознавме тоа со денови наназад го договараат во детали по домови на разни лица и слично. И да си наметнуваат теми кои тие мислат дека ќе ни наштетат, а кои пак ако се размисли подобро, немаат никаква врска со изборите и со реалните проблеми на луѓето “, рече Груевски.

Како пример тој го посочи интервјуто на поранешен разузнавач Слободан Богоевски.

-,,Слушаме од страна на извесен Слободан Богоевски поранешен разузнавач, осуден човек за криминал, со излежана казна затвор во Идризово, разни квалификации за првиот министер за внатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков, лични навреди за него и неговото семејство и слично. Човекот ми е вујко и тоа е единствената негова маана во моментов и причина зошто беше споменат. Човекот е починат пред 25 години, пред точно 25 години. Значи замислете тие се занимаваат со човек кој починал пред 25 години и не може да им врати да им одговори. До сега Стојан Андов беше експерт за раскажување негативни работи за луѓе од како ќе починат и за себе величање во комуникацијата со нив, сега еве и други се појавуваат”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски трече дека Стојан Андов, а некој ќе умре, тој одма книга пишува и во емисија ја промовира, во која ни раскажува како го надмудрил или советувал веќе умрениот.

-,,Колку веќе умрениот бил лош и не доволно паметен, а колку самиот Андов мудар и одговорен. Сега пред изборите се вклучуваат и други некролошки матачи на вода пред избори. До кое дереџе стигнаа? Што и да каже човек околу ова навистина мислам дека ќе погреши и затоа сакам само да потенцирам дека вакви работи ќе има затоа што тоа им е целта. Да се докажуваме кој е поголем вмровец, кој бил од 90-та, а кој од 91-ва. Дали кога ја слушал песната „Слушам кај шумат шумите“ бил навистина радосен или глумел и слично,, рече Груевски.