Заев им се заблагодари на пратениците за гласањето, посебно на тие од ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се обрати во собраниската прес сала по гласањето со двотретинско мнозинство за пристапување кон измена на Уставот.

Тој рече дека е направен голем историски чекор за Македонија и нејзините граѓани и дека сега претстои голема работа за влез во НАТО и ЕУ.

Заев им се заблагодари на пратениците за истрајноста и храброста, посебно на оние од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа, а искажа надеж дека и другите ќе го преиспитаат своето однесување и ќе дадат поддршка кон НАТО и ЕУ.