По објавата на светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи во која ги поздравува Македонија, Македонците и ја пее ,,Македонско девојче“, премиерот Заев и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, го поканија да ја посети нашата земја.

,,Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.

Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија🇲🇰.

Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.

Воедно, те следиме на Вимблдон 🎾 и ти посакуваме успех“-напиша Заев на социјалните мрежи.

Градоначалникот Богдановиќ се придружи кон поканата.

,, Нема поголема гордост кога еден врвен спортист кој го видел светот ќе изрази желба да го посети токму Охридското езеро. Денеска со „Македонско девојче“ директно од првенството од Вимблдон, светскиот тенисер број еден, Ноле ги поздрави своите македонски фанови и посака да дојде во Охрид. 
Почитуван Novak Djokovic, од срце ти се заблагодарувам на прекрасните зборови и се приклучувам кон поканата на Премиерот Zoran Zaev заедно со своето семејство да бидете наши гости на охридското крајбрежје и одблиску да ги запознаете убавините на најголемиот македонски бисер.
Среќно до победа и скоро видување! “-напиша Богдановиќ и постираше заедничка слика.