Заев и Владата различно го дефинираат албанскиот јазик

Во интервју за АлсатМ, премиерот Зоран Заев изјави дека албанскиот јазик сега е втор официјален јазик во Македонија.

,, Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален. За меѓународна употреба единствен е македонскиот. Прв јазик е македонскиот, втор албанскиот, регулирано со Закон. Употребата е јасно разграничена“-изјави тој вчера во интервју за АлсатМ.

На прашање на новинарот зошто пред неколку дена Владата на РМ, објави соопштение во кое пишува дека македонскиот јазик е единствен официјален јазик, Заев рече ,,да бидам искрен, не сум го видел тоа соопштение“.

,,Со законот за употреба на јазикот формално правно го заокружувме Рамковниот договор. Дај Боже да имаме граѓанско општество во кое ќе се гледа квалитетот на граѓаните, а не етничката припадност. Јазикот е алатака да се разбереме. Граѓаните да ги остварат своите права“-рече Заев.

,,Ова е корисно, ова е основно човеково правбо, тоа секаде го има во светот“-вели Заев.

Ова е соопштението објавено од прес службата на Влада на РМ со наслов ,,Законот за јазици ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на цела територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи“.

Подолу е линк до целото соопштение:

https://vlada.mk/node/16423