Заев и Груевски се сретнаа кај Иванов

На покана на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија,  Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, гНикола Груевски.

Тема на разговор беа актуелните случувања. Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија.

Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина-соопшти Кабинетот на претседателот.