Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за надворешна политика, Федерика Могерини, заедно допатуваа во Скопје.

Ова Заев го најави на својот ФБ профил, постирајќи заедничка фотографија:

,,После моето обраќање во Европскиот Парламент во Стразбур, заедно со мадам Федерика Могерини доаѓаме во Македонија. Нашата пријателка Федерика уште еднаш ќе даде поддршка на сите граѓани за нашиот заеднички пат кон европското семејство“-напиш Заев.

Потоа тие дадоа заедничка изјава од Старата скопска чаршија.