Заев: И ние имаме црвена линија, потоа ќе се носат други одлуки(видео)

Лидерот на СДСМ по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан одговараше на повеќе новинарски прашања. Тој е изненаден што Ахмети бара на писмено програма од нив пред да ги даде потписите, такво нешто не барал од ВМРО ДПМНЕ. Ние сме отворена партија, транспарентно кажавме дека нема проблеми за се да се разговара, па и за употреба на јазикот на Албанците, се ќе направиме да формираме Влада ако го добиеме мандатот, но и нашето трпение или прифаќање на барања имаат црвена линија…одговори меѓу другото Заев.