Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, советничката за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, присутсвуваа на трибина со здемјодлците од општина Конче за состoјбите во тутунопроизводство и генерлано во секторот земјоделство.

На трибината приствуваа голем број земјоделци и тутунопроизводители, кои од премиерот Заев беа информирани за мерките и активностите кои ги презема Владата за подобрување на нивната положба и реализрање на дадените ветувања за повисоки откупни цени на тутунот и зголемувањето на субвенциите за секој откупен килограм тутун. При тоа премиерот Заев посочи дека откупот на тутун заврши без проблеми, со највисока просечна откупна цена од 217 денари по килограм.

 

 

„Многу ми е драго што навистина и временските околности и квалитетот на тутунот помогнаа да имаме ваква просечна цена. Ретко кога, се сеќаваат земјоделците на вака убава цена за  тутунот. Драго ми е што можам да кажам дека овој регион овде во Конче произведува квалитетен тутун, дури просечната цена е над просечната во Република Македонија. Но истовремено ми е драго што можам да ја споделам среќата и задоволството од сите овде присутни, со тоа што субвенциите кои што сега следуваат по тутунот веќе ќе бидат зголемени, односно за прва класа ќе се плаќа 80 денари субвенција, за втора класа ќе се плаќа 70 денари, а за трета и четврта класа 60 денари“, порача премиерот Зоран Заев.

 

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потенцираше дека освен новиот модел во три нивоа за зголемено субвенционирање на тутунот, со одредбите од новиот Закон за тутун и тутунски производи, од следната година, значително ќе се олесни адмнистративната процедура за земјоделците при склучувањето на договорите со откупните компании.

„Со носењето на новиот Закон за тутун и тутунски производи се укинува поднесувањето на евидентните производи. Од аспект на исплата на субвенциите сметам дека е битно исто така да се потенцира од оваа година после расчистувањето на неисплатените субвенции од претходните години, кое што во партнерство со Платежната агенција беше реализирано, ова ќе биде година во која што земјоделите ќе ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, односно на почетокот на самата сезона. Заврши исплатата по однос на разни мерки и во радовишко Конче, односно од почетокот на годината досега се исплатени 72 милиони денари на земјоделците од радовишко по однос на различни мерки.

 

 

Премиерот Заев им порача на присутните земјоделци дека политиките за развој на тутунопроизводството ќе се применат и во другите земјоделски гранки.