Заев и Теута Арифи се сликаа со младите фудбалски репрезентативки на аеродром во Виена

,,На аеродромот во Виена имав пријатна средба со иднината на нашиот женски фудбал, младите фудбалерки од репрезентацијата до 17 години“-објави македонскиот премиер, Зоран Заев, на својот ФБ профил.

.

Премиерот Заев се враќа од учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк, каде претстојуваше изминатите неколку денови.