Заев: Кога Антикорупциска вадела слабости на власта, значи системот функционира

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вчерашната средба со граѓаните во Прилеп, меѓу другото, испрати порака за граѓаните кои не излегоа на гласање, а го поддржуваат концептот Заедно Напред, затоа што знаат дека тоа е иднината на државата.

-Па за што крварев и вие со мене, за што покажавме храброст со храбри одлуки, да го пуштиме сето ова низ вода?! Сега работите од нас дома зависат, имаме пријатели кои помагаат и ќе помагаат. Ќе има ред и поредок, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочувајки ја за најважна волјата на народот.

-Кога Државна комисија за спречувањена корупцијата вадела слабости на власта?! Тоа покажува дека системот функционира. Повикувам на политичка и професионална одговорност на секој кој го узурпирал правото на граѓаните, рече претседателот на СДСМ , кој посочи дека очекува одлуки и за опозицијата, инаку ,,пример за непотизам и партиски вработувања”.

Земјата оди напред, во вистински правец и тоа никој не може да го спречи. Апелирам дека пораката  е примена, но до граѓаните што ја испратија, испраќам и јас порака, што вие ќе направите за државата, праша тој.

,,Се ежите од помислата за режим, сте избрале прецизен начин за испраќање порака, но имаме родителска, татковинска должност да ја обезбедиме државата, да оди напред, да не се враќа назад. Да излеземе на гласање, да имаме успешни избори, демократски чисти, да донесеме одлука за да одиме Заедно Напред“, рече Заев.

-Силата е во заедништвото, а единството води напред, се работи за татковината и за младите, рече тој, порачувајќи граѓаните да гласаат за бројот три и Стево Пендаровски, на вториот круг од претседателските избори на 05.април.