Заев: Лавот е на коленици

„Наша сериозна задача и обврска, е да се избориме со сите криминали на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, да се избориме со криминалот на сите нејзини функционери, а криминалците да одговараат за сите злосторства кои досега ги направија. Лавот го уништивме, легна на земја сега ни останува уште да го зададеме финалниот удар на 11 декември, рече лидерот на СДСМ пред кривопаланчани  на отворањето на Градскиот промотивен штаб на партијата во Крива Паланка. Заев порача дека ќе се борат заеднички народот да ја добие својата правда, да живеат достоинствено и за подобра иднина за младите.

-„Преку враќање на 15 % од ДДВ на секој граѓанин со ваквиот концепт наша конечна цел е граѓаните да бидат побогати . Со ова сакаме да постигнеме две главни мерки,првата е побогати граѓани и втората е да ги намалиме социјалните разлики во Македонија“ , потенцира Заев.

Носителот на кандидатската листа за третата изборна единица пред насобраните кривопаланчани рече дека ќе се залагаат за повисоки плати, намалување на невработеноста како и за решавање на проблемот со криминалот и корупцијата кои владеат на локално ниво.

– „Нашиот фокус е зголемување на платите,на платите во текстилната индустрија, просечната плата да изнесува 30 500 денари на крајот на мандатот и да го олесниме животот на луѓето со намалување на трошоците. Овде проблемите на луѓето се поврзани и со земјоделството, откупот и пласманот и цената и ставање крај на криминалните политика на владата на Груевски во делот на земјоделството.Ќе ги намалиме трошоците ќе воведеме зелена нафта, со 160 милиони евра за земјоделците, тимот кој го предводам се состои од млади луѓе кои немаат дамка на своето минато и ќе се фокусираат единствено на интересите на граѓаните“, заврши Николовски.

Шефот на изборниот штаб на СДСМ Крива Паланка Борјанчо Мицевски, пред присутните рече дека судбината во животот секој си ја одредува со пенкало во три ситуации и тоа,пред матично, за време на избори и после капитулација.

– „Ако првото- односно бракот и семејство се свети, а после капитулација нема назад, тогаш за избори ни преостануваат само уште 32 дена. И само тогаш додека го држиме пенкалото во рака, само еден миг ние сме еднакви со нив. А после тоа или ќе промениме нешто или ќе продолжиме да живееме уште полошо од она што е денес, без можност да се пожалиме некому“,рече Мицевски.

Билјана Н. Тошевски