Заев му одговори на Борисов:За да успееме треба заедно да зрееме

Македонскиот премиер, Зоран Заев, му одговори на бугарскиот, Бојко Борисов, кој запрашан во Брисел за недоразбирањата со македонската страна околу тоа чиј е Гоце Делчев, рече дека Македонците треба уште да зреат:

,,Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат.

Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака.

За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно“- е одговорот на Заев.