Заев му се заблагодари на Тевдовски и времено ќе ја преземе неговата должност

Премиерот Заев со новата реконструкција на Владата, како што најави, ќе биде и министер за финансии откако денеска од Валандово му се заблагодари на досегашниот Драган Тевдовски.

Заев ги објави имињата на новите министри, а меѓу нив е пак Садула Дураки, кој само ротира од еедно место на друго.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е сменет и на негово место доаѓа лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

На местото на досегашниот министер за екологија Садула Дураки, Заев го именуваше Насер Нуредини.

Советникот на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски ,Трајан Димковски ќе дојде на неговото место.

,,Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хисни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки“-изјави Заев.

Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, з како што рече, затоа што и служеа на државата и народот извршувајќи ги функциите.

По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со која треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.