Заев: Народе мој, испишавме историја,убавото македонско знаме се вееше во Лондон

,,Народе мој, испишавме историја, ова убаво наше македонско знаме се вееше во Лондон со знамињата на НАТО.

Нема посериозна потврда дека сме на прав пат, од самитот на НАТО во Лондон, стануваме 30 земја членка на Алијансата, остваривме една од двете најголеми стратешки цели на државата и на цели генерации. Бидете горди граѓани, народе, успевме, на правиот пат сме и продолжуваме по тој пат“-порача премиерот Зоран Заев пред битолчани во рамки на трибините низ државата под мотото ,,На прав пат“.