Заев најави генерален реизбор во судството

 

Пртеседателот нан СДСМ најави генерален реизбор во судството. Тој на прес конференција рече дека ова ќе следува веднаш по 11-ти декември, по преземањето на власта од оваа , како што рече, корумпирана и аздисана власт.

,,Тоа ќе се случи веднаш по 11 декември!

 

Ќе ја раскинеме целосно спрегата на несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски.

Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе.

Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси.

Ни во сон ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци.

Затоа што криминалците ќе бидат, каде што им е местото. Пред лицето на правдата. Лицето на правдата ќе биде целосно нов самостоен, независен, совесен, одговорен судски систем,,-рече Заев на прес конференцијата.

Тој укажа дека е јасно дека и  сега има поединци во судството кои одважно ја бранат прадвата, за што  трпат последици – и ним им порача, да не се грижат. Нивната жртва денес, ќе биде нивна предност по 11 декември-рече лидерот на СДСМ.

,,Со реизборот во судствството – политичарите, извршната власт, ќе мора да ги повлечат канџите од судството! Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати.

Дополнително, бројчаникот што ќе го поставиме да врти на Триумфалната капија, ќе покажува како секој денар украдени пари на граѓаните се враќаат и ќе биде паметник за секого, дека за такво вакво зло врз граѓаните, се одговара.

Минимум дилема да немате. Доаѓа време кога секој ќе биде еднаков пред законот. Секој заслужува правда. И ве уверувам, ќе има контрола над власта и ЌЕ ИМА ПРАВДА ЗА СИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА! ,,-порача Заев.