Заев најави Закон за амнестија за некои учесници во настаните од 27 април

Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре јас немам проблем преку нив да го направиме помилувањето и помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности“, изјави премиерот Заев во интервју во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.