Заев најави инвестиции на ИКЕА, Фреш фуд, Еколог и други

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, најави големи инвестиции кои треба да се случат во следниот период.

„Еколог“, македонската компанија етаблирана меѓународно, 300 милиони евра инвестиција согласно законот за стратешки инестиции, ,,Блек стоун“ за Драјпорт меѓу Велес и Демир Капија, со индустриска зона, каде ќе се менаџираат сите стоки од пристаништето од Солун, поради поевтин складиштен простор, ИКЕА наскоро ќе инвестира во Македонија, Фреш фуд партнерот на КФЦ, кој што прави во 10 града инвестиции во домашно македонско пиле, огромна инвестиција поголема од 100 милиони евра“, најави Заев.

СДСМ најавува капитални инвестиции од 2 милијарди, во наредните 4 години.

„Ова е реална програма и граѓаните тоа го знаат и затоа ќе гласаат за бројот 3“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во дуелот со Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.