Заев најави институционално решение доколку не успее референдумот

Заев го откри планот Б на Владата, доколку не успее референдумот. На новинарско прашање тој рече дека во тој случај граѓаните го пренесуваат легитиметот на институциите да одлучуваат:

,,Не размислувам за неуспешен референдум и за непостигнат цензус, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Но, доколку граѓаните одлучат да останат дома во таков случај тие ја пренесуваат одлуката на институциите“-рече тој.

Заев смета дека нема опција да не се гласа,  мора да се излезе и да се гласа ЗА или ПРОТИВ.

,, Со сите правници се консултирав и дојдовме до заклучок дека тоа всушност значи тоа. Но, не сакам ни да зборувам што доколку биде така. Нема ако. Овој пат на референдумот одговорноста ќе ја преземеме за себе и своето семејство, и ќе излеземе да гласаме онака како што мислиме. Опција има за или против. Но нема опција дали да излеземе или не. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти“ – порача тој.