Заев најави приговори и веројатност за уште еден мандат во ИЕ 6

Претседателот на Социјал Демократски Сојуз на Македонија Зоран Заев најави приговори и големи можности за промена на соодносот на силите во ИЕ 6 каде има разлики во бројноста на гласовите, записниците за гласовите од терен и крајниот резултат регистриран во ДИК.

Заради овие недоследности веројатно е СДСМ да добие уште еден мандат во ИЕ 6 со што бројноста на добиени пратеници на опозицијата и на ВМРО ДПМНЕ може да бидат изедначени 50 : 50.

Заев рече дека Груевски со своето криминално минато не смее да формира влада.