Заев на поминување во Приштина доби честитки од Харадинај

„Денеска се сретнав  со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното заокружување на Преспанскиот договор, кој ѝ гарантира на соседната држава јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градењето на еден стабилен регион и во тој правец односите со официјално Скопје се одлични“, напиша Харадинај на својот ФБ профил. 

Од македонска страна нема никакав информација за оваа средба.

За МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, изјави дека  Заев имал кратка неформална средба со премиерот Харадинај на аеродромот во Приштина, непосредно пред неговото полетување за Германија, каде ќе помине неколку слободни денови во приватен аранжман.