Заев на Твитер: Зборот ,,педер“ го употребив како карактерна особина, затоа претходно ѝ се извинив на ЛГБТ заедницата

„ЛГБТ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, твитна премиерот Заев, по лавината реакции на неговата изјава дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја урнат владата.