Заев на уште една средба со Хан за потврда на датумот за преговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера во областа Вахау, Република Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

,,На средбата, којашто помина во исклучително позитивна атмосфера, уште еднаш беше потврдена заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија“-пишува во владиното соопштение.

Премиерот Заев истакна дека тоа за нашата земја е многу важно бидејќи ќе биде дополнителна мотивација државата да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо. 

„Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека сѐ што направивме во изминативе 2 години вредело“, истакна премиерот Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан.