Заев: На 11-ти декември режимот ќе падне!

,, Ќе ви кажам една тајна која сите ја знаете – режимот ќе падне на 11 декември, ќе победиме. Со „бомбите“ гаѓав директно во чело кон криминалците на власт, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, на митинг во Кичево.

– Квазипатриотот Груевски шири национализам, десет години е премиер, а повторно се обидува да го подели народот. Зборува за чувствителни теми кои мора да ги затвориме во 21 век. Светот се бори за економија, за среќен народ. Има ли иднина со делби и со поделби. Пријатели, мораме здружени, немаме друго освен оваа парче земја, коe сите и Власи, и Тури, и Албанци, и Роми go платија со крв. Во 21 век повторно зборуваме за слобода, затоа што имаме коруmпирани политичари. А, таkви, само со национализам може да живеат. Треба да знаат, двојазичност и федерализација не одат заедно. Од лажење се изгубија – рече Заев.

Тој рече дека треба да се бориме за среќа на младите, да се радуваме на животот.

– Само луѓе кои нема што да понудат шират национализам .Вистинските патриоти се борат за да го направат среќен својот народ. Знаете ли дека Груевски од синоќа бил прекупиран со тоа, како ќе сме ги враќале парите во Македонија, се прашува како ќе враќаме 15 отсто од ДД. Прашува, зошто тоа не сум го правел како градоначалник во Струмица. Па, економисту Груевски, Владата, а не општините враќаат ДДВ. Нека замине сега во опозиција и нека види како се враќа 15 отсто од ДДВ. Не може Македонија да оди напред со сиромашен народ. Крпен живот живееме – рече Заев.

,,Гласот ми бил фатен, па две години викам: „Бандити и криминалци“, рече Заев пред граѓаните на Кичево.

На демирхисарци им вети дека ќе се бори за задржување на младите во земјата.

,,Денеска сме во Кичево кадешто граѓаните се соочуваат со истите проблеми како и низ цела Македонија. Еден од нив се катастрофалните услови во здравството. Болницата во Кичево е во таква катастрофална состојба. Нема лифт, нема греење по ходниците, болницата е во недоизградена зграда, нема услови и нема опрема во делот на интензивната нега, детската грижа се уште е лоцирана зедно со лабараторијата во стара барака, медицинскиот персонал недостасува, и граѓаните се соочуваат со слабо присуство и на лекови,,-рече носителот на листа во ИЕ 5 Радмила Шеќеринска.

Ова е исто за сите кичевчани без разлика на тоа каде припаѓаат етнички, верски или партиски. Овој проблем е проблем заради тоа што Груевски не се интересира за проблемите на граѓаните. Единстевното нешто што го интересираше во последниве 10 години беше неговиот џеб, неговите сметки и зачувување на власта.

Време е ова да се промени, имаме План за живот во Македонија којшто ќе обезбеди здравство кое лекува. Уште во првите шест месеци, за 15 % ќе ја зголемиме платата на целиот медицински персонал, а до крајот на мандатот, двојно ќе ги зголемиме платите на сите којшто работат во здравството.

На тој начин Македонија ќе ги сочува и своите лекари, и своите медицински сестри, сите оние чија првенствена задача е да не лекуваат и да ни обезбедат здравствена заштита.

Во нашиот План за живот во Македонија обезбедуваме бесплатно болничко лекување за сите граѓани во нашата држава.

Имаме план којшто ќе значи подобар живот во нашата држава.

Имаме план за живот во Македонија, и по 11-ти декември, заедно ќе го реализираме-изјави Шеќеринска во Кичево.