,,Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани.
Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби.
Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски“- напиша премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил по страшната трагедија во која загинаа 13 наши сограѓани.
Заев ќе ги посети повредените..