Заев: Нема ништо незаконски во финансирање на изборната кампања

По излегувањето од распит во основно јавно обвинителство, Зоран Заев реше дека се повикани  под сомневање на злоупотреба на изборна кампања и дека им биле презентирани индициите за злоупотреба за изборната кампања 2016 година.

,,Јасно ни е тоа што ни беше презентирано, усно од страна на обвинителот. Договорен е следниот чекор, во среда во 12 часот, согласно постапката, да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбрана. Како што знаете овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, во нормална законска процедура да ја докажеме невиноста за којашто сме под сомнение како организатори на изборна кампања, јас, едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ“-рече Заев.

,,Апсолутно ни е јасно за тоа што се работи, но не би коментирал, заради тоа што во ваков дел на постапката од адвокатот сум поучен дека не треба да разговарам за деталите. Но, како што знаете, СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај, ревизорскиот извештај заврши, ревизијата беше спроведена од Државниот завод за ревизија, согласно законите и за кампањата и за партијата СДСМ, апсолутно нема никакво сомневање во самиот извештај. Мислам дека има многу што да научи општеството од начинот на водење кампањи и организирање согласно законот како опозициска партија, којашто може да биде одличен пример за почитување на законите во делот на финансирање, организирање и спроведување кампања“-изјави Заев.