Заев: Нема чепкање во Уставот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по излегување од седиштето на ДУИ каде имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека и да ги добие потписите за состав на Влада, нема шанси да се согласи да се менува Уставот за ниту едно прашање. Тој рече дека многу од разликите се надминати, но се уште се разговара.

„ СДСМ настојува да добие уставни решенија за употреба на јазиците. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот.Тоа е многу важно, бидејќи Уставот е либерален и проевропски и ги дава сите можности. Не треба да дозволиме ништо што е надвор од Уставот во однос на употребата на јазиците. На крајот, ако останат отворени прашања, не завршува денот на преговорите сега, може и за шест месеци да отвориме дебата, да ги консултираме јавноста и експертите и да видиме што е устано, рече Заев.

Тој е оптимист и се надева дека двете партии ќе можат да најдат заедничко решение во рамките на Уставот и дека овој преговарачки процес набрзо ќе заврши.

Фото:Зандон