Заев: Нема што кај мене, новинарот Героски сѐ што има нека пријави во институциите

Премиерот Зоран Заев јавно му одговори на новинарот Бранко Героски, кој јавно побара средба со него во врска со случајот Рекет, за кој тој прв пишуваше во своите колумни.

,, Новинарот Бранко Героски, гледам јавно побара средба со мене, токму повикувајќи се во еден текст на таа тема. уште еднаш во духот на тоа што го кажав, има истражни органи, треба да оди таму да си пријави. Сите документи , се што има, на еден жар што направи, ред е да оди да ги пријави во институциите. Јас не сум истражител, нема што кај мене, јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене, да оди да ги пријави. Каде мисли тој, во која институции, да оди да пријави“-, изјави премиерот Заев.

Тој во врска со актуелната афера рече:

,,Јас сум Зоран Заев којшто помина поприлично семејни и лични трауматични процеси кога се борев против режим објавувајќи „бомби“ и партиципирајќи во Шарената револуција, јас сум истиот кој се бореше за вредностите на едно општество за сите на 27 април 2017 година, кога парламентарното мнозинство беше нападнато. Крварев, стоев на нозе и се борев, верувам во тоа.Борбата против криминалот и корупцијата во ниедна земја не била лесна и таа има непријатни ситуација. Тврдам дека ќе бидам прв меѓу најхрабрите во бекромпромисната борба против корупцијата и криминалот. Јас не сум истражен орган или обвинител, туку претседател на Влада која треба да овозможи услови за непречено одвивање на истраги без разлика на кого се однесуаат“-рече Заев.