Заев не гледа проблем заради приклучувањето на Милетиќ

Драгиша Милетиќ не побарал ниту функционерско, ниту пак пратеничко место за да се приклучи кон опозицијата, само сакаше можност да се покае за тоа што згрешил и да учествува во борбата против режимот, рече Зоран Заев на прес конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

„Секој што на еден или друг начин се покајал и одлучил да се приклучи во борбата против режимот е добредојден. Милетиќ побара шанса да се искупи за она што го направил и ние му ја дадовме. Делегатите на партијата и Централниот одбор на конгресот му дадоа право на претседателот на партијата самостојно да одлучува за ова, така што тука не гледам проблем. Секој има право на свое мислење. Инаку уште еднаш ќе кажам дека овие дебати се повеќе од добредојдени“, рече Заев.

По објавувањето на фотографијата од потпишувањето на предизборната опозициска коалиција на која беше и Драгиша Милетиќ од Српска Напредна странка, лавина незадоволство искажаа членови на опозицијата и нивни привразаници.

Социјаланата мрежа Фејсбук се вжешти од негативни коментари и критики.