Заев не го коментира Ахмети

 

 

,,Господинот Ахмети и  било кој од власта нека си тераат своја агенда” – им порача на политичките противници претседателот на СДСМ Зоран Заев по денешното судско рочиште за Пуч, а одговарајќи на новинарско прашање за коментарот на Али Ахмети дека социјалдемократите немаат право да бараат гласови на албанците.

,, Ние нашите листи ќе ги истакнеме на 6 ноември, тоа е недела. Во тек се целодневни разговори со коалициските партнери, но најмногу, пред `се посветуваме време на граѓаните кои ќе бидат во заедничките листи што ќе ги објавиме. Немам намера да коментирам некои дополнителни детали што изјавил господинот Ахмети”- рече Заев.

 

 

Заев одговори и надруги прашања поврзани со аферата прислушување и судскиот процес Пуч.

,,Заради тоа што обврска и на Пржинскиот договор, обврска и на сите политички субјекти во државата, но пред `се, и над `се, без разлика на нашата волја, политичка или не, обврска на македонското правосудство е да одговори, кој прислушувал, како прислушувал, колку време тоа го правел, како тоа го правел во целиот овој период – тоа им го должи македонското правосудство на граѓаните на Република Македонија. Смислата на преговарањето беше да се отвори овој важен моментум, којшто беше суштина на оваа катарза и на оваа запрепастеност којашто и македонската и целата светска јавност имаше можност да ја види во последните 2 години- рече Заев и ја обвини судијката од процесот дека суди политички

,, Сакам отворено да ја прашам, дали е свесна дека наместо правен процес, води политички процес и дали е свесна за моментумот во којшто го става, апла, јавно, во понизност, комплетна, македонското правосудство. Сакав само тоа да прашам, за жал не ми беше даден збор”.

 Дали мислите дека одлагањето на денешното рочиште е во функција да го оправда поранешниот премиер за неговото недоаѓање?

Заев: Кога зборувам дека наместо правен процес, овде се води политички процес, токму тоа и се прави. Се остварува некоја политичка агенда, добро осмислена и добро замислена, којашто секако е политичка агенда на Никола Груевски и на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

 Дали ќе барате од вашиот адвокатски тим да поднесе некаква претставка до судот?

Заев: До кого да поднесе претставка? Кој ќе одлучува по претставката? Ние продолжуваме вака, со трпение, со многу посветеност но и љубов кон Македонија. Да ја извадиме на површина целата оваа катарза и целиот овој срам којшто за жал граѓаните мора да го видат, за конечно тоа да биде гаранција дека на Македонија итно ќе и треба нормална држава, каде што ќе воспоставиме правосуден систем којшто нема да има никакви допирни точки со кој било во државата, без разлика дали е тоа финансиски или политички моќник-беа одговорите на Зоран Заев на дел од новинарските прашања.