Заев објави голема победа на граѓаните и побара ВМРО ДПМНЕ да го преиспита својот став

,,Имавме чисти и регуларни избори. Овие резултати, во вториот изборен круг, за нас беа очекувани. Победивме во голем број општини. Тоа значи дека го избравме вистинскиот пат, едно општество за сите. Новоизбраните локални власти и ние во централнта власт, не од утре, од вечерва ја продолжуваме акцијата за живот за сите во Република Македонија. Не смее да има еуфорија, прославите завршуваат вечерва. Од утре работиме за сите. Го повикувам ВМРО ДПМНЕ да го преиспитаат својот став за непризнавање на изборите. Ги разбирам овие тешки моменти полни со емоции во кои се наоѓа раководството на оваа партија. Но ги повикувам и апелирам во прв план да ги стават интересите на граѓаните. Нека ни е вечна слободата“-рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.