Заев оствари 40 минутна средба со Меркел

Македонскиот премиер, Зоран Заев, претпладнето оствари 40 минутна средба со германската канцеларка , Ангела Меркел во Берлин.

Тема на средбата е почетокот на преговори на Македонија со ЕУ.

Средбата помина зад затворени врати. Нема изјави, ниту соопштение.

Се очекува во текот на денот изјава од премиерот Зоран Заев.

Германската канцеларка заедно со францускиот Претседател се единствените кои имаат дилема околу терминот на давање датум за преговори.

Меркел првично рече дека најрано во октомври може да се даде датум за преговори со Македонија.

Се очекува да се види дали го променила ставот со оглед на денешната маневра на Холандија која Македонија ја одвои од пакет со Албанија и даде зелено светло за нашата земја, но не и за соседите.