Заев повика на граѓански протест и поддршка за промени

 

Претседателот на СДСМ од Прилеп повика граѓаните да дадат поддршка на митингот што ќе се одржи во недела, 04.12 во Скопје пред Влада на РМ со почеток во 18 часот.

,,Тоа ќе биде голем граѓански митинг, за да повикаме конечно за слобода, демократија, правда, за конечно враќање на животот во Република Македонија. Навистина овој историски момент треба да го зграпчиме и да го искористиме. Убаво е да се присуствува на ваквиот мега настан, каде што сите, буквално, ќе почнеме да ја славиме слободата и да се радуваме на животот кој го враќаме во Македонија. Убеден сум дека е вредно да учествуваме сите и да бидеме дел од овој голем собир. Ве повикувам, да испишеме заедно убава историја за нашата заедничка иднина, во нашата Република Македонија – рече Заев повикувајќи ги прилепчани  и сите граѓани на Македонија на утрешниот митинг во Скопје.