Заев поседува имот, земјоделско земјиште, акции и пари, но нема имот во Грција

На официјалната страница на Државна комисија за спречување корупција Зоран Заев со стапување на пратеничката функција, поднел имотен лист, во кој го пријавил личниот имот, имотот на неговите сопруга и деца. Неговиот имот според овие ставки, се состои од куќа, стан, деловен простор, земјоделско земјиште, акции, како и орочени девизни и денарски заштеди.

Според овој имотен лист, Заев не поседува имот во странство или не е пријавена куќа во Грција за која редовно шпекулираа провладините или медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ.

Име Презиме Функција Институција
Зоран Заев Пратеник Собрание на Република Македонија

 

Имот Сопственост Тип имот Вредност Карактеристика Основ на стекнување
Недвижен имот Имот на родители Куќа 18.450.000,00 денари 400 м2 Струмица 2000 – Стекнување со договор за градба
Недвижен имот Имот на родители Земјоделско земјиште 2.460.000,00 денари 4 хектари село Муртино, Струмица 2003 – Стекнување со наследство
Недвижен имот Имот на родители Деловен простор 3.690.000,00 денари 60 м2 Струмица 1999 – Стекнување со договор за купопродажба
Недвижен имот Имот на родители Стан 1.845.000,00 денари 65 м2 Струмица 2007 – Стекнување со договор за купопродажба
Хартии од вредност Имот на родители Акции 12.000.000,00 денари / 2012 Стекнување со договор за купопродажба
Побарувања Личен имот Побарување по основ на даден заем 4.300.000,00 денари 2012 Стекнување на друг начин
Банкарски депозити Имот на деца Орочен девизен депозит денари 1.648.269,00 Шпаркасе Банка 2012 Стекнување на друг начин
Банкарски депозити Имот на брачен другар Орочен девизен депозит денари 445.445,00 денари Шпаркасе Банка 2012 Стекнување со договор за купопродажба

АКО.мк