Заев почна од СДСМ, ги разреши претседателите на сите општински организации

,,Одлуката е – дека се разрешуваат сите претседатели на општински организации на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето со граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, како и на сите оние претседатели на општинските организации каде имавме победи на изборите“-рече Заев, нагласувајќи дека промените ќе почнат од СДСМ.

Ги повика истите досегашни претседатели да поднесат пак кандидатури и да се натпреваруваат во една рамноправна борба.

Тој рече дека во првата половина на јуни ќе ги објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата и дека веројатно следната недела ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

„Во мојата политичка партија таму каде што сум јас директно надлежен во изборот на претседатели на општинските одбори, одлуката ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството, затоа што тоа е мое право. Конечната одлука е таа сите претседатали на општински организаци, и веднаш органите и телата на партијата ќе донесат одлука за постапка за избор на нови раководства“-рече Заев.