Ракометарите не ги оправдаа очекувањата на навивачите и публиката во салата во Вараждин. Беа поразени од репрезентацијата на Шпанија со 11 гола разлика, 31:20.

,,Ракометот очигледно станува национален спорт број 1. Голема благодарност до Ракометна федерација на Македонија за посветеноста и професионалноста. Вечерва од трибините, домовите и кафулињата навиваме за Македонија на ЕП 2018“,напиша претходно пред почетокот  на Твитер налогот  премиерот Заев, покрај фотографијата на која тој држи дрес со неговото име , подарок од претседателот на ракометната федерација Живко Мукаетов.

Заев ја бодреше македонската репрезентација од трибините во Вараждин.