Заев соопшти дека и вториот тест за коронавирус е негативен

,,Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.

Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.

Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.

Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.


Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.


Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.


Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.

Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател“-напиша лидерот зна СДСМ, Зоран Заев, на својот ФБ профил.

Тој беше една недела во домашна изолација откако новинарот Гоце Михајловски, кој правеше интервју со него, беше позитивен на КОВИД 19..