Заев со порака до ДУИ: Никој нема да уценува, одлуките ги носат граѓаните

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во изборна единица 4, вчера од Гази Баба упати порака до ДУИ дека никој веќе нема да уценува, бидејќи одлуките ги носат граѓааните, како што рече:

„Сите сме исти, сите имаме дома деца за гледање, сите сакаме да им оставиме подобро утре отколку тоа што ние го живееме. Сега успеавме во тоа. Гледаат дека ги губат изборите и дека расте поддршката на коалицијата „Можеме“ и од Македонците, ама и од Албанците, Ромите, Турците, Власите, Србите и од Ашкалиите и од сите. Целосно таа поддршка што ја имаме. И на самиот почеток на кампања Ахмети вика услов Албанец премиер. Никој повеќе нема да ја условува татковината. Само граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе е министер кој ќе е премиер, кој ќе е пратеник, претседател на државата, граѓаните и никој друг. Кога гледаме дека водиме со 5, 7, 9 пратеници. Око да не ви трепне, да излезете на гласање и вие таму со заокружување на вашиот глас одлучувате каде ќе оди државата“, порача претседателот на СДСМ, Заев.