Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зборувајќи во интервју на Канал 5, ја промовираше стратегијата на ,,Чекан и танц“ во борбата против коронавирусот објавена на интернет платформата ,,Медиум“, основана од Еван Вилијамс, коосновачот на Блогер и Твитер.

,,Медиум“ има над 1 и пол милиони следачи, а е пример за платформа преку која се промовира социјално новинарство, статии објавени од аматери и професионалци докажани во своите области, светски познати блогери чии статии и анализи се ценети и се темелат на релевантни податоци.

Една таква статија е на светски познатиот мотивациски говорник и маркетинг лидер на Course Hero ,
Tomas Pueyo
, чија статија ,,Coronavirus: The Hammer and the Danceсо“ е објавена на платформата medium.com.

Цитирајќи ја оваа стратегија, лидерот на СДСМ во интервјуто во негов стил, објаснувајќи меѓу другото рече ,,чекиќ и танц“ , со што предизвика потсмев кај неговите политички противници и опозициски поддржувачи на социјалните мрежи.

Но, Заев не осврнувајќи се многу на овие коментри, ја промовираше оваа стратегија на својот Фб профил, а еве која е нејзината суштина:

ЧЕКАН И ТАНЦ

,,Стратегијата на „чекан“ и „танц“ во справување со коронавирусот e базирана на долгорочен план за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување.


Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танцот).


„Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања).


Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.


Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски.


Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро.


Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана.“-напиша Заев со што практично ги оправдува досегашните мерки против КОВИД 19 спроведени од Владата.

Ова е линкот до целета статија:

👉 medium.com/…/coronavirus-the-hammer-and-the-dance-be9337092…

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вчерашното интервју во истата емисија на Канал 5, на Заев му порача:

„Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев , тој нека танцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која сѐ повеќе зема замав во нашата држават и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам неговото вчерашно гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина, ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју, јас сум сериозно загрижен од една едноставна причина…ценам дека нема доволно познавања “-вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Па додава:

Затоа ќе оставам тој да си танцува со таа негова стратегија за короната, но она што мене ме загрижува е танцувањето со сиромаштијата на граѓаните, но и со обидот д се справат граѓаните со пандемијата која сѐ повеќе се шири…“-вели Мицкоски.

И ова наиде на ,,нож“ кај симпатизерите и поддржувчите на СДСМ и лидерот на партијата, но и предивика изненаденост пошироко на социјлните мрежи.

Мицкоски уште вели:...,,добивме загрижувачки податоци дека нема повеќе од 100-150 тестови, и ќе тестирате сѐ додека луѓето бараат да се тестираат…“ вели Мицкоски.

Веднаш го демантираше министерот за здравство, Венко Филипче, кој на Твитер напиша:

Венко Филипче@VFilipche

,,Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголема опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните“-напиша Филипче.

Министерството за здравство објави дека државата има на располагање 4.500 тестови, со неделно надолнување од 2.000 тестови, а се чека во секој момент да стигне донација од 20 илјади комплети за тестирање. Од МЗ велат дека има и дополнителни 5.000 тестови – донација од приватна лабораторија од Скопје

ВМРО ДПМНЕ денеска ја потврди изјавата на својот лидер со следната реакција:

,,Додека тие танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени. Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час. Заев и Спасовски задлабочени во танцот , заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановчани“-реагира ВМРО ДПМНЕ.

АКО.мк(Е.Л)